Жестока беше увертирата на дуелот меѓу Хрватска и Канада на Светското првенство во Катар откако селекторот на северноамериканската репрезентација Џон Хердман им порача на своите фудбалери дека ќе ја „е*ат Хрватска“.
Не излезе така бидејќи светскиот вицешампион славеше со 4-1, а зборовите на Хердман беше само мотив повеќе за хрватските фудбалери.
„Сакам да му се заблагодарам на селекторот на Канада за мотивацијата. Видовме кој кого е*е“, рече двојниот стрелец за Хрватска на овој натпревар Андреј Крамариќ.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ по натпреварот откри дека не добил честитки од својот колега од Канада што е уште еден минус за релативно анонимниот стручњак.