Кралот падна среде Лондон: Усик покажа класа и победи!

Украинскиот боксер Александар Усик, направи големо изненадување и го победи британскиот борец Ентони Џошуа, со едногласна одлука на судиите. Украинецот е сега светски шампион во тешка категорија во WBA, WBO и IBF.

34 годишниот Усик сега има 19 победи во професионалната кариера и ниту еден пораз, додека Џошуа доживеа втор пораз во про-рингот.

Усик со ова стана првиот боксер уште од Ивандер Холифилд, кој беше неприкосновен шампион во крузер категорија, апотоа дојде до светска титула во најтешката дивизија.

Усик почна подобро во оваа борба, во првите три рунди наметна силен ритам, а Џошуа не успеа да му парира на неговите силни удари. Имаше Британецот добар период од 4 до 6 рунда, но на крајот јасно беше дека Украинецот беше подобар боксер.

Последната рунда донесе голема борба, одлично движење на двајцата и голема работа на Усик, па на крајот заслужено е светски шампион, на разочарување на 70.000 илјадната публика на стадионот во Тотенхем.