Кралот навива за Ливерпул: Леброн објаснува кои фудбалери му се најомилени!

Еден од најдобрите кошаркари во денешната НБА, Леброн Џејмс, на прашање на социјалните мрежи околу тоа, кои играчи ги обожава да ги гледа во фудбалот, тој наброја, а го изостави Лео Меси.

Џејмс преку социјалните мрежи одговараше на прашања од фановите, а едно од најинтересните беше неговиот избор на фудбалери.

Имам неколку омилени одлични фудбалери, лично навивам за Ливерпул, но Мбапе, Нејмар и Кристијано Роналдо ми се омилени, тие момци се легенди, ги обожавам“, порача Леброн.

Можеби случајно или не, Леброн Џејмс не го стави во неговите најдобри играчи и легенди, Лео Меси од Барселона.