Крај на сезоната во АБА лигата – МЗТ Скопје останува второлигаш

Веројатно тоа и можеше да се предвиди, сезоната на Јадранот е завршена, потврдија од раководството на АБА лигата.

Денешниот состанок, поточно видео-конференцијата на челните луѓе на лигата со претставниците на екипите-учесници во Јадранската лига, само ја потврди реалната состојба.

А тоа е дека регионалната лига нема никаков играчки смисол, затоа што веќе се знаат учесниците на Евролигата и Еврокупот за наредната година, а откако Евролигата пред два дена одлучи да ги прекине двете натпреварувања.

Тоа беше потврдено и на официјалното гласање, на кое три клуба беа за продолжување на натпреварувањето (Партизан, Будуќност и Морнар), а останатите девет за прекин.

Очигледно е дека малку кој во овој момент е заинтересиран за некој престиж на Јадранот, а големо е прашањето како би се собрале клубовите, ако се земе в предвид, дека голем број на странските кошаркари се одамна дома. A добар дел од нив веќе не се под договорни обврски со клубовите за кои настапуваа во оваа сезона.

Суспензијата на лигата воедно значи и дека нема промоција на шампион во сезоната 2019/2020, но и испаѓање од АБА лигата која ќе се прошири за два клуба од АБА 2 конкуренцијата.

Тоа ќе бидат првоплaсираните две екипи во моментот на прекинот на сезоната во второлигашката АБА конкуренција, oдносно екипите на Борац од Чачак и Сплит, и во наредната сезона 2020/2021 година, лигата ќе брои 14. клубови. Што значи дека нашиот МЗТ Скопје и следната сезона ќе остане во АБА 2