Крај на серијата на Вардар, Академија Пандев не искористи

Вардар го доживеа првиот пораз во домашното првенство по 12 натпревари откако загуби на гостувањето кај Струга со 1-2.

Лидерот на табелата беше подобар противник, но не ги искористи своите шанси и беше казнет за тоа. Две лоши интервенции на гостинската одбрана им овозможија на Кировски и Тафе од непосредна близина со глава да го совладаа Гачевски за 2-0 по првото полувреме. Во второто продолжи доминацијата на Вардар кој можеби беше оштетен за пенал, но во 80. минута Мицевски од белата точка го постави конечниот резултат. Ова е втор пораз за Вардар оваа сезона по оној од Македонија ЃП во првото коло.

И покрај тоа „црвено-црните“ ќе останат убедливо на првото место затоа што Академија Пандев не го искористи подарокот од Струга. На гостувањето кај Ренова одигра само 1-1 што е трет меч во низа без победа за струмичани. Сашко Пандев го отвори резултатот во осмата минута, но Адеми и донесе бод на загрозената Ренова во 74. минута.

Разликата меѓу Вардар и Академија Пандев сега изнесува четири бода, а Шкендија утре против Работнички во Скопје ќе има можност да се доближи на девет бода од лидерот.

РЕЗУЛТАТИ
Силекс – Шкупи 1-0
Струга – Вардар 2-1
Ренова – Академија Пандев 1-1
Борец – Македонија ЃП 1-1