Крај на сагата, „Л’Екип“ пренесува: Активирана откупната клаузула на Гризман!

Сагата околу Антоан Гризман е завршена, пренесува еминентниот француски магазин.

Она за што се шпекулираше со месеци и недели наскоро ќе добие официјална потврда: Гризман ќе биде нов фудбалер на Барселона.

„Л’Екип“ пренесува дека Барселона денеска уплатила 120 милиони евра на сметката на Атлетико Мадрид колку што изнесува откупната клаузула за Гризман.

Францускиот офанзивец пред неколку месеци изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Атлетико така што ќе биде активирана неговата клаузула.

Гризман одби да ги започне подготовките со „Јорганџиите“ претходниот викенд, а неколку дена потоа Барса одлучи и дефинитивно да ја активира клаузулата и во своите редови да доведе фантастично засилување.