Крај на кариерата за Кро Коп: Хрватскиот борец имал мозочен удар!

Мирко Филиповиќ, популарниот Кро Коп, за хрватските медиуми откри дека пред седум дена имал мозочен удар.

Кро Коп ги шокираше сите со објавата дека става крај на неговата кариера.

Имав мозочен удар, крварење во мозокот. Јас денеска излегов од болница и затоа сакав да дојдам тука и луѓето да видат дека сум здрав, имав неверојатна среќа во несреќа, тој излив можеше да отиде и лево и десно. Имав дисекција на вената, пукна од механички стимул. Тоа нема врска со борбите, едноставно вратот ми е преоптоварен. Јас сега морам да се борам за живот“, изјави Филиповиќ и додава:

„Имам проблеми со вратот, ме фаќа несвестица штом се свртам. Одев на магнетна резонанца, колор доплер, се беше океј. Болките ми сметаа, мислев дека така треба да биде. И потоа го заротирав вратот десет пати во една па во друга страна и паднав во несвест. Не смеам да примам ни поблаг удар, три месеци не смеам да имам ни лесен тренинг, само прошетки. Било каков облик на склекови, возење велосипед, зголемување на притисокот и може да предизвика ново крварење. А нов мозочен удар би можел да биде смртоносен. И тоа во подобриот случај. Во полошиот би можел да останам парализиран, да не бидам свесен за околината…“

Се надевам дека нема да се расплакам, но готово е, следува неизбежна пензија“, заклучи Мирко.

Тој неодамна го победи Рој Нелсон, се зборуваше за нови атрактивни борби, но од тоа дефинитивно нема да има ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА: За време на тренингот почина носителот на сребро од СП

За „влакно“ ја избегнале трагедијата: Репрезентацијата на Бангладеш била во џамијата – открија како се спасиле

(ВИДЕО) Протече снимка од нападот: Мекгрегор бесен го уништи телефонот на фанот

Нов скандал на Конор Мекгрегор: УФЦ ѕвездата уaпсена во Мајами

Доминација на сноуборд клубот ХМКД на државното првенство во Маврово

Незапамтена инвазија на странци во македонската одбојка: Од Бразил, Украина, САД, Австралија, Бугарија….

(ВИДЕО) Хабиб бесен како рис повторно влета во рингот откакo брутално беше нокаутиран неговиот братучед

(ВИДЕО) Стравичен пад од кој се леди крвта – крај на сезоната за двократната светска шампионка

Од АМСС со реакција: Шокирани сме од ова што се случи во нашите простории..