Крај на една блескава кариера: Ибрахимовиќ заминува во пензија!?

Еден од најмаркантните фудбалери на денешнината Златан Ибрахимовиќ ќе мора да оди на операција и нема да заигра повеќе од 2022 година.

Италијанските медиуми тврдат дека тоа би можело да значи крај на кариерата на легендарниот Швеѓанец. Станува збор за повреда на коленото, а со оглед на тоа што се наоѓа во 41. година од животот, јасно е дека заздравувањето ќе оди многу побавно. Мора да паузира околу 7-8 месеци и нема да биде чудо ако во текот на летото објави дека се пензионира.

Од друга страна и неговиот договор со Милан истекува на крајот на јуни, а уште нема најави дека би можел да биде продолжен. Затоа, се шпекулира дека може да стане дел од раководството на клубот.