КР7 со еден потег ја остави својата мајка Долорес во солзи

Кристијано Роналдо ја остави во солзи својата мајка Мариа Долорес дос Сантос Авеиро, откако ја прочита неговата порака за роденденот.

Имено, Долорес беше толку емотивно погодена од убавите зборови упатени кон нејзиниот син, а за сето тоа да добие посебни емотивни димензии, тој момент беше и уловен од семејството на Роналдо.

Многу честитки до најдобрата мајка на светот, борец кој ме научи никогаш да не се откажувам. До најдобрата баба на моите деца кои можат само да сонуваат таква баба. Те сакаме многу мајко моја, бакнеж!“, сето тоа емотивно влијаеше кај Долорес.

Инаку португалскиот ас очигледно беше добро расположен по победата над Барнли со 3:1, па ја поздрави неговата мајка.