Второлигашот Кожуф од Гевгелија сериозно се засилува пред стартот на новата сезона, потврдувајќи пет нови имиња во својот состав – најголем дел од нив во дефанзивната линија.
Клубот донесе три нови стопери: Дарко Стојанов, кој пристигнува од Слога Виница, Христијан Бејков од екипата на Вардарски и Бојан Ивчески, кој доаѓа од редовите на Победа.
Средниот ред исто така доби поддршка со ангажманот на Ники Зумровски, поранешен играч на Вардар Неготино, кој ќе делува како дефанзивен играч за врска.
Нападот ќе биде засилен со Албан Мемеди, офанзивец кој минатата сезона настапуваше за Башкими.