Ковид19 дефинитивно го уништи спектаклот во Монца

Трката за ГН на Италија, на патеката Монца, ќе се одржи без публика, пред се од превентивни причини, бидејки Италија беше една од најпогодените европски земји на почетокот на кризата.

Како што напиша сајтот „Monzanet“, сите кои купиле влезници претходно за оваа трка, парите ќе им бидат рефундирани.

Откако во 1950 година почна шампионатот во Ф1, само трката во Монца и во Британија биле на Ф1 календарот секоја година.

„Трката за ГН на Италија од 4 до 6 септември ќе се одржи за жал без публика“, стои во соопштението до јавноста.

Оваа сезона календарот е драстично променет, пред се поради коронавирусот, трките во првиот дел се сите без публика.

Четвртата трка се вози на втори август во Британија, на култната патека Силверстоун.