Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е казнет со 10 позиции наназад, пред трката за ГН на Саудиска Арабија.
Ферари ги замени електронските компонентни на болидот на Шарл Леклер уште на претходната трка, па сега ќе ја одработат казната на втората трка сезонава.
Според правилникот на Ф1, низ сезоната, дозволена е само една промена на компонентите на болидот.
Иако очекуваа далеку подобар старт на сезоната, сепак сезоната ја почнаа кошмарно и повторно ги разочараа очајните фанови на Ферари кои со години чекаат возачка титула на тимот од Маранело.
Втората трка сезонава се вози во Саудиска Арабија од 18 часот.