Кошаркарската сезона во Македонија – сепак пролонгирана

Состанокот кој се одржа денес помеѓу раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и здружението на прволигашките екипи, донесе нова одлука – првенството да биде одложено, односно пролонгирано.

Сезоната требаше да стартува на 3. октомври, но поради проблемите со коронавирусот, истата ќе стартува на 10 октомври.

Постоел и предлог од федерацијата за играње во „меури“, но тоа било отфрлено, па ќе се игра стандардно, на домашен и гостински терен.

Ставот на поголемиот дел од клубовите е дека ако во некој тим има повеќе од тројца инфицирани од Ковид19, ќе следи прекин на првенството и изолација за сите кошаркари.