Кошаркарската репрезентација тренираше во Осло

По еден ден пауза и трансфер од Словачка во Норвешка, македонската кошаркарска репрезентација денеска го одржа првиот тренинг во Нордстранд арената во Осло каде утре го игра одлучувачкиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство.

Селекторот Александар Јончевски и неговите избраници се подготвуваат за дуелот против селекцијата која во Гевгелија ја победија со 22 разлика и со само 36 примени поени, во надеж дека и утре ќе го повторат одлично издание. Победа на овој меч ја носи Македонија во квалификациите за Европското првенство, но ако Словачка загуби од Данска, уште пред натпреварот ќе го прославиме пласманот во следната фаза.

Норвежаните информираа дека арената Нордстранд е целосно распродадена и дека домаќините ќе имаат поддршка од околу 2.000 фанови. Норвешка ги загуби шансите за пласман во следната фаза, но посакува со победа да го заврши овој циклус.