Kошаркарот на Кливленд признава: Барав начин како да се убијам

Познато е дека кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Кевин Лов имаше проблеми со депресијата и менталното здравје, а сега открива дека барал било какви алтернативни начини да се самоубие.

Нешто подетално зборуваше за тоа во интервју со Грехем Бесинџер, на кого му откри дека размислувал за самоубиство.

Кога ќе дојдеш до точка каде секој ден во животот да ти изгледа исто, доаѓаш до тоа да се самоубиеш, такви идеи ти доаѓаат во глава. Почнуваш да размислуваш околу тоа како да го направиш тоа. Тоа беше доста тешки и страшни моменти во мојот живот. Сега признавам дека размислував за да си го одземам животот, тоа беше застрашувачки. Тие моменти беа некаде во 2012 година“.

„Подоцна сфатив дека ништо не не прогонува од работите за кои постојано зборуваме. Многу луѓе во денешно време се борат со таква депресија која носи суицидални идеи, а охрабрувачки е тоа што се повеќе луѓе се осмелуваат отворено во јавноста да зборуваат за тоа“, порача Кевин Лов.