Кошаркар од соседството, потпиша за Голден Стејт

18 годишниот српски кошаркар Ален Смагалиќ ќе биде нов член на Голден Стејт Вориорс.

Овој кошаркар беше избран како 39 пик на драфтот од страна на Њу Орлеанс, но „воините“ го откупија неговиот договор и го донесоа во своите редови.

Тој за една сезона во Голден Стејт ќе добие скоро 1 милион долари, па ако има завидни перформанси, тој ќе има нов, долготраен договор со Голден Стејт.

Со оглед на тоа дека ова лето Голден Стејт загубија повеќе играчи, секој нов ќе биде добредојден и не е исклучено доаѓање уште некое звучно име во таборот на „воините“.