Коронавирусот стигна и во редовите на Денвер Нагетс

Се уште неименуван член на НБА тимот Денвер Нагетс е заразен со Ковид-19, соопштија од оваа НБА франшиза.

„Во четврток, 19 март, член на организацијата на Денвер Нагетс беше позитивен на тестирањето за Ковид-19. Тоа лице, кое е тестирано откако имало симптоми на оваа болест на 16 март, моментално е под грижа на нашиот медицински тим и е во самоизолација. Тестирањето е направено според упатството на здравствените власти и нашите лекари“

„Здравјето и безбедноста на нашите играчи, нашата организација, како и на оние кои се во лигата и сите кои би можеле да бидат загрозени се над се. Нагетси ќе продолжат да работат, заедно со клупските лекари, здравствените работници и стручњаците за инфективни болести, додека истовремено ќе се посветат на здравјето и безбедноста во нашето опкружување“, се наведува во соопштението на Денвер Нагетс.