Коронавирусот се шири во Олимпиското село, позитивни наоди кај првите спортисти

Двајца спортиси во Олимпиското село во Токио се позитивни на коронавирус, објавија организаторите на Игрите денес утринава.

Станува збор за први забележани случаи на зараза меѓу спортисти во Олимпиското село. Вчера е објавено дека на коронавирус е позитивен еден од чешките тренери, односно членови на стручниот штаб, а денес портпаролот на Игрите потврди дека заразените спортисти се од иста екипа како и нивниот тренер. Не се знае за кои спортисти и кој спорт станува збор.

Блиските контакти кои тренерот ги имал веднаш се испратени во изолација, како и двајцата позитивни спортисти. Остатокот од екипата исто така е тестиран.

До почетокот на Олимпијадата има само уште пет дена.