Коронавирусот и официјално ги избрка Торонто Рапторс од Канада

Канадските власти и забранија на екипата на Торонто Рапторс натпреварите од НБА лигата да ги играат во оваа земја.

Поради пандемијата на коронавирусот забранет е влез на лица од САД, па така спортските тимови од Канада се најдоа во сериозни проблеми.

Рапторси се обидуваа да добијат одобрување од властите да играат во Торонто. Меѓутоа, со оглед на тоа дека не добија такво нешто, присилени се натпреварите да ги игарат во САД. Така, Рапторси следната сезона ќе настапуваат во Тампа на Флорида.

Останува да се види што ќе се случи со НХЛ тимовите чија сезона започнува на 1 јануари.