Коронавирус дојде и до Ф1: Една трка ќе се вози без публика

Трката во Ф1 за ГН на Бахреин овој месец, ќе биде одржана без гледачи на трибините, поради опасност од ширење на Коронавирус.

Во консултација сме со нашите меѓународни партнери и националниот институт за здравје, Бахреим донесе одлука дека годинешното издание ќе биде без публика. Мора да најдеме вистински баланс помеѓу доброто на навивачите и учесниците, тоа е голема одговорност, а земајки во предвид ширење на коронавирус, не би било добро да се дозволи случување кое знае да биде загрозувачки по луѓето“, стои во соопштеието и се додава дека ТВ преносот ќе биде овозможен.

Поради епидемијата од коронавирус во Италија секој спортски настан е под мониторинг, односно се игра без публика.

Досега повеќе од 100 земји пријавиле барем по најмалку 1 заболен од оваа болест која се шири со геометриска прогресија.