Корона вирусот удри и на Валентино Роси

Возачот на Јамаха, Валентино Роси ќе ги пропушти следните неколку трки затоа што е позитивен на коронавирус.

Истакнатиот новинар Симон Патерсон, кој внимателно ги следи настаните во кралската класа, денес објави дека Роси е позитивен на коронавирусот и дека тој веќе е во изолација.

Ова е втор случај со корона на Мото ГП, по што е сигурно дека нема да го следиме Роси викендот на трката за Големата награда на Арагон.

Легендарниот возач сè уште не се огласи, но наскоро се очекува лично да ги потврди овие тврдења.

Роси е веќе во изолација во која ќе мине најмалку десет дена, а на крајот од следната недела повторно ќе биде тестиран.