Корона вирусот ќе ја уништи Серија А: Клубовите во долгови од 2,5 милијарди евра

Италијанскиот клупски фудбал многу тешко ќе се опорави по шокот што го приреди корона вирусот и паузата предизвикана од него.

Газета дело спорт денеска на својата насловна страниц тврди дека клубовите од Серија А се во вкупни долгови од 2,5 милијарди евра. Тоа е сума што е приближно иста на вкупните приходи на сите клубови од италијанското првенство во текот на една сезона (2,7 милијарди евра).

Најголем минус регистрирал Милан – 144 милиони, Јувентус е на второто место со 142 милиона, а потоа следуваат Рома, Интер итн.