Корона вирус и во Формула 1 – Мекларен се повлече!

Екипата на Мекларен денеска објави дека се повлекува од Големата награда на Австралија со која треба да почне новата сезона во Формула 1.

„Мекларен потврди дека се повлекува откако еден член на тимот беше позитивен на корона вирусот. Тој е во изолација и под третман во локалната болница“, соопшти организаторот на трката.

Возачи на поранешниот шампион во Формула 1, оваа сезона се Карлос Саунс и Ландо Норис.