Корина и Сабине Кем дале „зелено светло“ за првите ексклузивни снимки со Михаел Шумахер

Минаа седум години од несреќата со Михаел Шумахер, а јавноста е уште во недоумица каква е ситуацијата со големиот шампион.

Германецот е под надзор со група приватни лекари и ретко кога има за него кредибилни информации во јавноста. Неговото семејство побара приватност, односно дане се открива се околу неговата ситуација.

Но според последните информации, неговата сопруга Корина дала наводно зелено светло за да се користи видео материјал од неговата состојба, во документарецот кој Михаел Вех и Ханс Бруно го прават за Михаел Шумахер.

Точниот датум за излегувањето на филмот не е познат, но е извесно дека режисерите добиле на користење ексклузивни снимки од домот на Шумахер.

Филмот ја покажува импресивната кариера на Михаел, но и многу други комплексни лица“, објави Сабине Кем, долгогодишниот портпаролот на Шумахер.

Според последните инфорамации, состојбата на Шуми е далеку подобра од претходната. Буден е, самостојно дише, срцето му има добар ритам и комуницира со најблиските.