Кориере дело Спорт: Санчез ќе им рече „Чао Манчестер!“ на ѓаволите

Алексис Санчез донел наводно одлука која силно била заснована на негово останување и идната сезона во Интер.

Тој допрва треба да го забележи своето деби и да остави сериозни траги во новиот клуб, па дури подоцна да размислува за некоја си иднина.

Тој има договор со Јунајтед, но е испратен на позајмица во Интер, по што дури другото лето ќе се знае каков ќе биде неговиот следен чекор.

Но Кориере дело спорт, тврди дека Чилеанецот веќе имал начелно донесено одлука дека не сака да се враќа во Манчестер.

Истиот италијански медиум, тврди дека Санчез сонува подолго да го носи дресот на Интер, и доколку се биде во ред со неговата позајмица и тој понуди завидни перформанси, Интер ќе се обиде да издејствува негов перманентен трансфер од сезоната 2020/21.