Копа Америка: Светскиот првак Аргентина преку Чиле до четвртфиналето

Со голот на резервистот, Лаутаро Мартинез во 88-та минута, Аргентина го совлада Чиле со 1:0 пред 82.000 навивачи на стадионот Метлајф во Њу Џерси, и се пласира во четвртфиналето на Копа Америка што се одржува во САД.

– Влегов за да постигнам гол. Овие натпревари се секогаш такви, мора да продолжиме да играме на ист начин третирајќи ги натпреварите на овој начин, бидејќи сите ќе бидат комплицирани, изјави Лаутаро.

Следен ривал на Аргентина, 15-кратниот шампион на Копа Америка, ќе биде Перу, во недела во Мајами, по што ќе биде познат и противникот за место во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО