Контрадикторниот Вилнев: Леклер го оштетил Ферари?!

Жак Вилнев кој во 1997 година имаше легендарна битка со Михаел Шумахер за титулата и кој ја освои истата година, смета дека сезонава Шарл Леклер, воопшто не бил добар за Ферари.

Вилнев смета дека не само што Леклер не бил бенефит за момците од Маранело, туку дека и ги оштетил на неколкупати, констатација со која сигурно нема да се сложат фановите на Ферари.

Леклер сезонава блескаше, имаше неколку победи и најмногу пол-позиции, што е спротивна индикација на она што го тврди Вилнев.

Ферари разочара сезонава. Но многу работи зависат и од двајцата возачи, хемијата помеѓу нив го немаше потребниот баланс. Ферари никако не му кажа на Леклер, дека ова м у е прва сезона со нив и дека треба да учи од Фетел. Ферари тоа не го направи и спротивно на тоа, Леклер имаше став дека „сега ќе ви покажам дека јас сум шефот и дека Фетел е минато. Мислам дека тоа го повреди Фетел, и воопшто не му помогна на Ферари, Леклер не беше подготвен за ваква улога“.

„Тој сезонава имаше неколку позиции и победи, но тоа не му помогна во шампионатот за евентуална титула, така да целиот тим на Ферари беше оштетен од Леклер“, истакна Вилнев.