Конте задоволен од победата – прокоментира и за повредениот на Лукаку

Антонио Конте беше задоволен од победата на Интер против Удинезе (1:0).

Со оваа победа Интер го превзеде врвот од Јувентус на табелата, што е одлична увертира за оваа возбудлива сезона која не очекува во Серија А.

По мечот Конте истакна дека имале исклучително тежок меч, од кој излегле со полн плен.

Свесен бев за потешкотиите од оваа средба. Удинезе е доста физички добро подготвен тим, со силни играчи насекаде на теренот. Среќен сум што имаме повеќе алтернативи во тимот и системот кој го играме, тоа е многу важно. Тимот игра одлично и јас се радувам на тоа“.

Ромелу Лукаку беше изнесен од игра поради повреда, а по мечот Конте образложи за што станува збор.

Ромелу имаше проблеми и при загревањето, во грбот. Прво од се, сакам да му се заблагодарам што играше и даде се од терен и покрај болките. Јасно дека нашите перформанси не беа брилијантни, но овој проблем го има насекаде во екипите, кога играчите се враќаат од репрезентативните обврски“.

„Среќен сум и за Лаутаро, кој играше од почетокот и напредува. Мора да продолжи со вакво темпо и во иднина. Мора да страдаме, мора да се бориме, но сепак да уживаме во играта. Победите ни носат поголема самодоверба, свесност и ентузијазам, тоа прави да сфатите дека сте во вистинскиот тим. Освоивме три меча по ред што е заслужено“, порача Конте.