Конте тврди дека Интер оди во добар правец и посочи еден играч за поголема минутажа

Антонио Конте пофали неколку свои фудбалери по победата над Сасуоло во Серија А.

Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез постигнаа голови во последната победа на „нераѕурите“, кои направија уште еден крупен чекор кон освојување на титулата во првенството.

Мора да пофалам неколку фудбалери, бидејки демонстрираа неверојатна желба за игра и победа, истрајност и единство на терен. Сите се сега дел од оваа екипа. Дефинитивно Алексис Санчез треба да игра повеќе, бидејки е добар фудбалер, кога е на терен, секогаш прави разлика“.

„Ни се враќаат играчи во тимот како Матиас Весино, додека Артуро Видал е се уште на пат кон заздравување, но и тој ни е потребен. Роберто Каљари е секогаш добар, а Кристијан Ериксен сега е поинаков фудбалер од претходно. Се ни оди во добар правец, уживавме во победата ноќеска, а веќе од денес размислуваме за Каљари“, порача Антонио Конте.