Конте незадоволен од извиците на нивните навивачи по неуспехот со Рома

Лидерот во Серија А синоќа одигра само реми на домашен терен против Рома (0:0).

Антонио Конте ги повика навивачите да го поддржат клубот и во вакви моменти, кога им се случи разочарување на оваа средба.

Интер сега е на +2 во однос на Јувентус, кој денеска доколку успешно ја мине тешката задача Лацио нагости, ќе се вратат повторно на врвот.

„Навивачите мора да го поддржат клубот и да ни помогнат. Жалам што синоќа слушнав одредени свирежи на погрешни пасови, тоа не е добро, потребен ни е секој навивач. Не е лесно да се игра на Сан Сиро, многу од момците се млади, но сите сакаат да помогнат. Овие деца мора да добијат поддршка. Кога победуваме, играме нерешено или губиме, тоа го правиме заедно“, порача Конте.