Антонио Конте е лут на своите фудбалери откако не успеаја да го победат Саутемптон, во меч кој беше завршен со резултат 3:3.
Тотенхем победата ја испушти на крајот од средбата, Ворд Праус во 90 минута од пенал им донесе бод на „светците“. Конте очигледно беше незадоволен по натпреварот, затоа што Тотенхем на 15 минути пред крајот, имаше предност од 3:1.
„Ако зборуваме за пеналот, тоа значи дека не сакаме да видиме се друго што се случуваше. Тоа не беше според мене шенал, но полошо е тоа што се случуваше на терен. Проблемот е што се повеќе моите играчи демонстрираат дека не сме екипа“.
„Ние сме само 11 фудбалери кои излегуваат на терен, околу мене, гледам себични играчи, гледам дека не сакаат да си помагаат еден со друг. Пред средбата се обидов да ја скријам таа ситуација, сакав да разговарам со играчите, да се обидам да ги подигнам, но сега можам да кажам дека оваа екипа нема волја и дека потребно е да бидат стимулирани за некој успех“, истакна Антонио Конте.