Конте како да знае што сакаат Македонците: Му го порача она што најмногу го посакуваме!

Горан Пандев ноќеска дојде до уште една импресивна бројка во Серија А, го постигна 100 погодок во тоа натпреварување, со што докажа дека е фудбалски тешкаш, еден од најголемите во историјата на Калчото.

Џенова не успеа да победи, но избегна и пораз благодарение на фантастичниот Пандев, кој два пати ја поправаше ситуацијата на Џенова, откако Беневенто два пати постигна гол за водство, на крајот само по бод за двете екипи.

По натпреварот, во отвореното студио на Серија А, Горан Пандев имаше чест да добие пофалби и од тренерот на Интер, Антонио Конте, кој имаше важна порака за ветеранот.

Се надевам дека ова е сезоната во која Интер ќе го освои Скудето“, беше коментарот на Пандев, а Конте на тоа додаде:

Горан, не се пензионирај, имаш уште што да му понудиш на фудбалот“, беше пораката на Конте.

Македонија е пласирана на ЕП, а сме во добра форма и позиција да избориме и пласман на Мундијалот идната година, па сите навивачи во Македонија посакуваат доколку и таму се пласираме, повторно Гранде Гоче да не води и таму.