Конте бара трпение од фановите – најавата е дека гради „нов Ливерпул“

Интер на последниот натпревар не успеа да победи во рамки на Лига Европа, тоа всушност беше и прво коло, па остави сомнеж дека тимот на Конте допрва треба да се воигра.

Освен ремито во Лига Европа, Интер претходно го загуби и дербито со Милан, што дополнително им ја отежнува ситуацијата на двата фронта.

Но Антонио Конте не е загрижен, работи напорно со тимот и единствено што бара од навивачите и јавноста е – време!

Пред нас е многу работа, мора да дадеме се од себе на терен. Знам дека има тензија помеѓу фановите, но погледнете го Ливерпул и работата на Јирген Клоп. Тие ништо не освоија претходните неколку години,  а сега се воена машинерија, но Клоп го градеше тој тим трпеливо, фановите беа трпеливи. Низ тој пат мора и ние да поминеме. На нас е да работиме и да продолжиме по истиот пат како и Ливерпул“, истакна Антонио Конте.

Интер овој викенд игра против Џенова, каде сигурно ќе брка победа за да ја ревитализира својата форма и да се врати на победничките патеки.