Конор Мегрегор го дуплираше своето богатство

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор реши да го продаде својот бренд виски и со тоа го дуплираше своето богатството.

Мекгрегор успеа да се стекне со големо богатство од скоро 150 милиони долари со големи деловни потези, а во септември 2018 година, тој го претстави својот бренд за виски „Proper No. Twelve“.

Тој доживеа огромен успех со ова виски, и по три години, реши да ја продаде компанијата на мексиканската компанија Бекл за 155 милиони долари, и со тоа да го удвои своето богатство.

Бекл е вистински гигант во областа на производство и дистрибуција на алкохолни пијалоци, и токму тие му помогнаа на Конор да ја започне својата марка.

Сега тие одлучија целосно да ја откупат компанијата, ги исплатија Ирецот и неговата партнерка Ауди Атар, а сега Ирецот е побогат од кога било.