Конкуренцијата на Надал мора да знае дека добива екстра мотивиран Рафа во Австралија!

Шпанскиот тенисер Рафа Надал ја предупреди својата конкуренција дека во Австралија доаѓа по нов Грен слем трофеј.

Иако шпанскиот тенисер честопати е повреден и надвор од форма, се надева дека уште еднаш во кариерата ќе го освои турнирот Австралија Опен, првиот Грен слем турнир во новата година.

Мотивиран влегува во новата година, сакам да победувам, имам желба да го правам тоа. Во моментов се чувствувам добро и мислам дека можам да одиграм на добро ниво. Ќе сторам се што е до мене да го освојам турнирот во Австралија“, порача Надал.

Самиот Надал е свесен дека овде ќе има сериозна конкуренција во неговите ривали, бидејки сите сакаат годината да ја почнат на вистински начин, со трофеј на некој голем турнир.

Турнирот во Мелбурн започнува на 14 месецов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надал рутински против Ебден до 3. коло на Австралија Опен

Федерер ја додели фаворитската улога на друг: Не ме интересира како се чувствува, тој е фаворит број 1

(ВИДЕО) Драма во Мелбурн – тенисерка се онесвести: Лекарите итно интервенираа

Мареј се бореше со солзите: Можеби ќе ве видам повторно…

(ВИДЕО) Овации, солзи и крај за Мареј на Австралијан Опен

Ѓоковиќ за пензионирањето на Мареј: Шокиран сум, иста генерација сме…

По шокантната најава за повлекување од тенисот – Мареј доби мноштво емотивни пораки од колегите

(ФОТО) Убавото лице на Кирјос, со емотивна порака се прости од Мареј

Утринска сензација од Мелбурн: Енди Мареј оди во пензија!