Иако на пресконференцијата за медиумите излезе со својата препознатлива насмевка, Карлос Алкараз, откри дека е разочаран од тоа што морал да го предаде мечот.
Тој се повреди и играше грчевито до крајот на натпреварот, па буквално мораше да запре да игра, бидејки трпеше страшни болки, а на пресконференцијата откри што се случило.
„На почетокот од третиот сет чувствував грчеви низ цело тено, а најмногу во рацете и нозете, тука веќе почувствував дека нема да можам до крај. Главната причина за она што се случи, беше тензијата која ја чувствував пред натпреварот. Грчеви сум имал и претходно, но тоа е нормално“.
„Но никогаш немав вакви проблеми. Против Циципас на УС ОПЕН имав грчеви и тогаш извлекував поени, но не знам зошто мораше ова сега да му се случи. Лошо ќе се чувствував доколку го предадам мечот, затоа што тоа е сепак полуфинале. На сите ни падна тешко ова, затоа што никој не сака да губи. Ќе има време да разговараме повеќе за ова, сигурно е дека сме разочарани од овој епилог“, порача Карлос Алкараз.