Конечно крај на сагата: Јунајтед го руши светскиот рекорд!

Изгледа дека е конечно готово.

Според вечерашните информации кои пристигнуваат од Англија, Манчестер Јунајтед и Лестер конечно се договориле.

Имено, Хари Мегваер во следните неколку дена ќе стане третото засилување на Јунајтед ова лето и најскап дефанзивец на сите времиња.

Вкупно, неговиот трансфер ќе биде платен 90 милиони евра, поточно 80, плус десет преку бонуси. Тоа е за пет милиони повеќе од она што Ливерпул го издвои за Ван Дајк пред две сезони.

Се чини дека летната сага е завршена, играчот истрајаво тоа да се пресели во поголем клуб, додуша, гледаше кон Сити поради можноста да игра во Лигата на шампионите, но „Граѓаните“ не сакаа да ја платат таа сума.

Пред Мегваер, Јунајтед за 55 милиони го доведе Ван Бисака, 20 милиони плати за Џејмс од Свонси, а следен е Бруно Фернандеш од Спортинг, со кого преговорите одат во добра насока и кој за сума од околу 60 милиони евра би требало да пристигне во клубот.