Конечно, добри вести за Зидан: Капитенот ќе игра!

Поразите од Кадис и Шахтјор го запалија алармот во тимот на Реал кој е под голем притисок да слави во утрешното Ел Класико.

Бодовната ситуација во моментов не е опасна, ако се знае дека Реал е пред Барса со три бода разлика иако со меч повеќе, но ако сега не се преземе нешто, тоа може да има одраз на остатокот од сезоната. Затоа во стројот е вратен капитенот Серхио Рамос кој излезе на полувреме од мечот со Кадис, а потоа не играше со Шахтјор.

Шпанските медиуми денеска тврдат дека тој сигурно ќе игра во Ел Класико иако е прашање колку е подготвен во моментов. Јасно е дека нема да игра Еден Азар, но има и други фудбалери кои не се во врвна форма. Кај Барселона неизвесен е само Жорд Алба.