„Комити“: Се апсат недолжни деца за да се сврти вниманието на јавноста и да се префрли вината

Соопштение на Комити:

Во врска со лажните и конфузни вести кои беа протнати во јавноста со цел наша дискредитација и демонизирање, категорично отфрламе било каков физички контакт со полициски службеници.

Пропагандата на окупаторот е пуштена на најјако, и со цел наше заплашување, неосновано и без никакви докази, без да е причинета никаква материјална штета ниту се настанати физички повреди, по дуелот Вардар – Слога, лишени беа од слобода 15-тина наши припадници. На истите без никаков основ им се закануваат судски постапки.

Го пренесуваме во целост демантот на нашиот член и поранешен претседател на ФК Вардар Ванчо Шехтански, кој е воедно наш правен застапник во оваа постапка. Оваа режирана постапка има за цел диверзија од суштината на срамната сцена која се случи во МНТ, во присуство на високи претставници на поставената однадвор управа на Окупирана Македонија.

Статус на Ванчо Александар Шехтански:

Како адвокат на навивачката група Комити, демантирам дека вчера имало било каков инцидент после натпреварот Вардар- Слога, при која наводно се приведени 4- ца навивачи на Вардар заради каменување полицајци???

Вистината е дека синоќа околу 17 часот беа приведени 13 наши навивачи, без никаков повод и причина. При моето одење во ПС Пролет и Центар, беше наведено од инспекторите кои случајно беа од една националност, дека наводно биле нападнати малолетни навивачи од друга навивачка група и националност ?? Меѓутоа такви лица не ни беа посочени, ниту пак имаше повредени, за билтенот на мвр денес да излезе со крајно спротивен став дека биле каменувани полициски службеници, што е неточно ??

Односот пак на инспекторите спрема родителите на приведените недолжни деца, навивачи на Вардар беше чуден, а едниот му се обрати вулгарно – дали знае дека син му е Комита ??

Заради немање докази и очигледна намера за конструкција, која остана неуспешна , навивачите беа пуштени.

Заклучокот од оваа невкусна конструкција е – свртување на вниманието на јавноста и префрлање на вината на недолжни деца, со цел да се скрие и оттргне вниманието од дивеењето на вандалите во МНТ.