Колку само му значи прва гостинска победа: Бевме блиску до бод, но успеавме да победиме!

Барселона успеа да обезбеди победа на гостински терен против Вилјареал со 3:1 во самиот финиш од средбата.

Се тргна од голот на Френки Де Јонг во 48 минута, кога Барса го отвори резултатот, а во 76 минута домаќините доаѓаат до 1:1.

Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши без победник, прво Мемфис Депај постигнува гол за 1:2, а потоа во самиот финиш, во 94 минута, Филипе Кутињо става потпис на победата за 1:3.

Успеавме да победиме на ова тешко гостување. Но имавме помалку и среќа, требаше повеќе да ја имаме топката во свој посед и да го креираме правецот на натпреварот. Требаше да доминираме повеќе, но на крајот, ова е сепак една голема и важна победа за нас“, рече Чави.