Колку ова можеше да биде незгодно: Доста страшен пад на ски скокачот

На натпреварувањето во рамките на Светскиот куп во ски-скокови, во Висла, освојувачот на бронзата од СП 2017 година, Пјотр Зила, имаше стравичен пад, по кој за негова среќа мина без поголеми проблеми и повреди.

Зила ја загуби рамнотежата при доскокот, па доста долго буквално клизаше по снежната патека, што знае да биде доста незгодно за скокачите.

Во тој момент бучната публика во момент занеме, плашејки се дека скокачот ќе има некоја пострашна повреда.

Но веднаш по падот, тој успеа да се подигне и без проблем да стане, со што им даде до знаење дека сепак е се во ред со него.

Докторите констатирале само мала расекотина на усната на скокачот, па за секој случај и рутински преглед, бил подложен на детален медицински преглед.