Колку моќна порака од Дејан Станковиќ за неговиот „Чале“

Синиша Михајловиќ се врати вечерва за мечот против Верона, да ја води својата Болоња, тоа наиде на грандиозни овации од фановите на двете екипи.

Познато е дека Михајловиќ се бори со тешка болест, но тоа не го спречува да ја занемари страста која ја има – тренерската работа.

Поврзано со вечерашното водење на Болоња, за Михајловиќ убава фото порака имаше неговиот добар пријател и некогашен соиграч, Дејан Станковиќ.

Татко мој добар, ние сме родени победници, многу среќа вечерва, ма изгази ги сите!“, беше пораката на Станковиќ.