Од заминувањето на Роман Абрамович од чело на Челзи, ситуацијата со „Сините“ од недела во недела оди од лошо во полоша. И во моментов ситуацијата е таква што не можат да изберат гол на месецот на Стемфорд Бриџ.
И покрај масовните засилувања, повеќе од милијарда евра вложени во преплатени фудбалери, Челзи е се послаб и послаб на теренот.
Астон Вила во неделата ги однесе трите бода на и се чини дека не доаѓаат подобри денови за „Сините“. Додека Челзи се опоравува од новиот кикс, невозможно е да се избере најубавиот гол на месецот во клубот.
Причината е едноставна – Челзи во септември не постигна ниту еден гол. Сините во првите шест кола од Премиер лигата забележаа само една победа и три порази. Моментално се на 14. место на табелата со само пет бода.
А притоа ги чека „пекол“ – Арсенал на 21 октомври, Тотенхем на 4 ноември, Манчестер Сити на 11 ноември, Њукасл на 25 ноември, Брајтон на 2 декември, Манчестер Јунајтед на 6 декември.