Колинда „пикираше“ големо засилување за Хрватска за вечерашното полуфинале

Вчера беше потврдено дека претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, нема да биде присутна на вечерашното полуфинале на својата репрезентација поради самитот на Нато во Брисел.

Но очигледно Колинда дури и од Брисел мисли на „коцкестите“ кои вечерва можат да испишат историја и да го остварат толку посакуваното финале.

Претседателката на Хрватска им подари дрес на претседателот на Америка, Доналд Трамп и на премиерката на Британија, Тереза Меј.

На социјалните мрежи фановите на Хрватска ја слават згодната претседателка, пред се поради тоа што шири позитивен навивачки дух и им подарува дресови од нивната репрезентација на најмоќните луѓе во светот.

Дури неколку навивачи на „коцкестите“ се пошегуваа на Твитер, дека Колинда донела голем трансфер за Хрватска пред вечерашната средба со Англија, мислејки на подарениот дрес на Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Модриќ и Ракитиќ заминуваат во пензија, но Хрватска ќе има страшен тим и на СП во Катар!

Се распаѓа шампионскиот тим на Реал: По Зидан и Роналдо си одат уште две големи ѕвезди!

Изненадување од „Олд Трафорд“: Мурињо понудил 180 милиони за двајца, ова е знак дека Погба си оди!?

Вести од Ливерпул: Денеска пристигнува големата ѕвезда, но следува разочарување за навивачите

Фудбалот е чуден: Никогаш не ни настапил за својата земја, но од Русија се врати со златен медал!?

Драмата заврши среќно: Шкотскиот навивач е пронајден

Не можеше полошо: Наинголан се повреди!

(ФОТО) Навивачите се кренаа на востание: Јунајтед никогаш немал погрд дрес

Тетовци ќе бркаат „шерифи“: Шкендија го дозна следниот противник во ЛШ