Колибали за непријатната случка која му ја приредил Сари при породување на сопругата

Калиду Колибали се присеќа на неверојатна приказна од 2016 година, кога Маурицио Сари беше уште тренер на Наполи.

Колибали веќе неколку трансфер периоди е дефанзивец кој е на цена, но Наполи одолева против богатите понуди кои ги добиваат од поголемите клубови.

Инаку, Колибали во јануари 2016 година доби син и сакал да биде повеќе со сопругата за време на породувањето и цел тој процес, но Сари имал друга идеја за него.

Сопругата ми се пораѓаше, а таа ноќ игравме натпревар. На тренерот му реков дека одам во болница, а тој ми повтори дека не може и дека му требам вечерва во тимот. Едноставно му реков дека ќе добијам син и дека одам кон болницата без оглед дали ќе ме казни“.

„Тој ја конзумираше својата цигара и нервозно ме погледна. Ми рече дека можам да одам до болницата, но да се вратам за натпреварот затоа што сум потребен на тимот. Така и направив, дојдов до соблекувалната и се подготвив, а потоа останав во шок кога видов дека не сум во почетниот состав. Му пријдов на Сари и го прашав што се случува, зошто сум на клупа. Тој ме погледна и ми рече, да, ми требаш, за да седиш на клупа. Во тој момент помислив дека тој е лош човек поради кој го пропуштив раѓањето на син ми“, открива Колибали.