Кокшаров понесе одговорност по ЕП: Се раздолжи со кормилото на Русија

По неуспехот со репрезентацијата на Русија на ЕП, Едуард Кокшаров, си поднесе оставка на позицијата селектор.

Руската селекција имаше прилично лош настап на ЕП, три пати беа поразени во три натпревари, и тоа мораше да резултира со разделба меѓу селекторот и федерацијата.

Спортскиот директор на Вардар останува на функција во таборот на двократниот шампион и во иднина само таа задача ќе ја извршува.

Не можам да останам селектор на Русија по ова ЕП. Им благодарам на луѓето во федерацијата кои ми пружија доверба и за сите услови кои ми ги пружија за ЕП“, порача Кокшаров.