Атрактивната фудбалска менаџерка Ванда Нара, откако се разведе со Мауро Икарди, го промени и својот занает.
Откако бракот не им успеа поради низа на скандали, тие двајца се разделија, а сега е потврдено дека таа привремено ја прекинала својата кариера како успешна спортска менаџерка во фудбалот, па ќе работи друго.
Ванда во минатото се испроба како водителка во еден ТВ формат, односно емисија, но откако не се пронајде таму, сега оди во сосема друго поле, во кулинарството.
Контроверзната Аргентинка сега ќе ја гледа публиката како водител на емисијата „врела кујна“ односно „МASTERCHEF“, а воедно и тв презентерка.