Кој е виновен за дебаклот на Ѓоковиќ? Горан Иванишевиќ!

Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја ја прокоментира провокативната изјава на Горан Иванишевиќ, од пред финалето на Гренд слемот во Париз.

Сакајќи да го крене моралот кај својот пулен, Хрватот рече дека Надал нема никакви шанси против Ѓоковиќ и дека победникот се знае уште пред да почне мечот за титулата. Не само што погреши, туку Ѓоковиќ одигра еден од најслабите натпревари во својата кариера и освои само седум гема.

„Се им се врати, уверен сум дека и тие се шокирани од начинот на кој Рафа го доби мечот. Претпоставувам дека Горан сакаше да му ја крене самодовербата на Новак, но јас никогаш не би рекол такво нешто. Го знам Иванишевиќ, сфаќам која му е улогата, но мислам дека само му донесе дополнителен притисок на Ѓоковиќ“, изјави Моја.

Со победата во Париз, Надал се израмни по бројот на освоени Гренд слем титули со Роџер Федерер, со 20, додека Новак Ѓоковиќ остана на 17.