Златан Ибрахимовиќ не можеше да одолее да му направи „прозивка“ на поранешниот соиграч од Милан, Хакан Чалханоглу.
Милан пред неколку дена ја обезбеди титулата во Серија А по цели 11 години, а славјето трае веќе со денови.
При славењето на титулата, качени на автобусот, играчите на Милан испраќаа разни пораки преку озвучувањето до навивачите, а Ибра во свој стил го пецна Чалханоглу и ги повика навивачите да му испратат порака.
Добар дел од пораките беа во непримерен коментар од типот на „гом** и „срањ*“.
Zlatan chiede ai tifosi un messaggio per Hakan 🤷🏻♂️ pic.twitter.com/qfFAv6FR5v
— Simone Cristao (@SimoneCristao) May 23, 2022