Кои се најплатените тренери во Серија А? Конте убедливо на врвот

Во италијанската Серија А оваа сезона има неколку големи стручњаци, но нивните услуги е потребно и добро да бидат платени.

Антонио Конте ова лето го презеде Интер, а токму 50-годишниот Италијанец се наоѓа на врвот на листата најплатени тренери со годишна плата од дури 11 милиони евра.

Маурицио Сари исто така се врати во Серија А, а тренерот на Јувентус се наоѓа веднаш зад Конте со годишна плата од 5,5 милиони евра, што е двојно помалку од тренерот на „Нероазурите“.

Третото место го зазема тренерот на Наполи, Карло Анчелоти кој заработува нешто помалку од Сари и неговата плата е 5 милиони евра годишно.

Најмала плата во Серија А има тренерот на нашиот Илија Несторовски во Удинезе, прославениот хрватски дефанзивец Игор Тудор, кој годишно добива 500.000 евра.